Да дадеме поддршка и да градиме свест која не само што ќе ги препознава различностите, туку и ќе се гордее со нив. Време е сите да почнеме да се менуваме, бидејќи насилството и дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација се случува без разлика на која раса, религија и возраст припаѓаат ЛГБТ лицата. Во ТВТакси28, заедно со нашите гости, сакаме да порачаме – “Не сте сами!”.
Ерина Богоева, со изложбата родови приказни низ објективот, ја прикажува убавината која лежи во разноликоста, фотографирајќи дрег кралици и транс лица во Скопје.
Дејан Сламков зборува како е да се биде геј во Македонија и сака да охрабри за чинот на аутирање преку својот подкаст “Save our Children”.
Ивана Костовска, социјален работник, која својата кариера ја посветува на маргинализираните категории, па низ призма на своето професионално искуство, зборува за насилството кое го доживуваат некои млади лица.
Во последниве години, се повеќе се посветува на заштитата и правата на ЛГБТ лицата преку шелтер, Сигурната куќа која постои веќе 7 години.