Надежта во секоја земја лежи во инвестициите во образованието, како клучен елемент во развојот на секоја земја. ТВ ТАКСИ 28 оваа емисија ја посвети на успешните приказни од областа на образованието, па Ана, Стрезо и Стефчо се сретнаа со интересни и инспиративни личности.
Колку учениците ќе ја сакаат математиката и колку ќе ја применуваат во својот живот, зависи од наставникот по математика и од неговата почит кон нив. За наставничката по математика Анкица Спасова, која од Сојузот на просветни работници беше прогласена за просветен работник на годината за 2021/2022 за трудот и достигнувањата во полето на предметната настава, ова е основата на односот наставник – ученик.
Space walkers тимовите на СТЕМ академијата се подготвуваат за глобалните натпреварувања во роботика овој април.
А за тоа, како е да се биде студент на престижниот Харвард, зборувавме со студентот Лука Павикевиќ.