Дали слепо се придржуваме на својата професија или пак имаме храброст да ја промениме? Дали развиваме афинитети кон други професии? Дали сме размислувале за доусовршување, преквалификација или доквалификација и што би значело тоа за нас?
Во оваа емисија прикажуваме успешни приказни на луѓе кои одлучиле да направат промени и да ја сменат својата професија, како и поединци кои и покрај тоа што работат согласно својата професија, дополнително развиваат нови вештини и таленти како хоби или како втор извор на приходи.
Зборуваме и за професиите кои во моментов се најактуелни, како кај нас, така и во Европски рамки.