Ана Зафирова, новинар и водител/ ас хер селф , ама ептен
43 години од Скопје.
Новинарка по начин на живот.
Мајка на два сина.
Животен совозач на мотоциклист.
Сака театар, вежба јога и многу чита книги.
Позната е по емисијата „Врти сучи тоа ти е Скопје“.
Ја направи европска дама Теа Модерна кога влезе во семејството на Глорија.
Раскажувачка на видео приказни од Mакедонија за Дојче веле.
Тренер по медиумска писменост (нинџа за дезинформации, медиумски манипулации).
Ужива кога природата е единствен „медиум“ кој влијае на неа.
Стрезо Стаматовски, во улога на таксист / ас хим селф
40 годишен возач на такси, по потекло од Охрид.
Живее и работи во Скопје.
Основно образование, отсек туризам завршува во Охрид.
Средно стручно образование, отсек машински инжињер завршува во Битола.
Во Скопје студира медицински факултет, а во Штип подготвува магистратура за човечки ресурски и комуникациски вештини.
Женет, со исклучително љубоморна сопруга која постојано му ѕвони на телефон.
Смета дека машинското образование му помага кога таксито ќе му се расипе , а магистратурата многу му помага во комуникацијата со патниците.
Бидејќи учел и живеел во повеќе градови во МК, смета дека нема некој што повеќе ја познава Македонија.
За себе вели дека е сезнајко-нема нешто што не знае (дури и верува во тоа).
Типичен претставник на обичниот човек, со широки погледи за некои работи, но назаден и претерано традиционален за други.
Спремен за промени, но само на зборови, во практика сака да се држи кон навиките и вредностите кои иако се застарени, му се чинат за сигурни.
Евроскептицизмот му е нескриена одлика, иако со добри аргументи на крајот го менува мислењето.
Зборува на охридски дијалект и постојано кука зошто е приморан да работи во Скопје.
Бидејќи има две ќерки, особено е приврзан за 22 годишниот Стефан ( го знае од маало) и кој го сака како син.
Стефан Николовски, во улога на инфлуенсер и снимател/ ас хим селф
Завршил општа гимназија во Велес, а дипломирал во УКИМ на отсек историја, бидејќи му се видел како најлесен факултет.
До сега сменил многу работи – од келнер, разнесувач на пици, па се до вработен во спортска кладилница.
Зависен е од инстаграм и тик ток.
Го презира фејсбукот, смета дека тоа е апликација за стари. Нема телевизор, се гледа на јутуб. Нема никакви посебни интереси, освен како брзо и лесно да заработи пари.
Експерт е за криптовалути (сѐ нешто заработува, вложува, па губи).
За сѐ што е потребно малку повеќе време или напор, веднаш губи интерес.
Последно што дознал дека има ЕУ фондови кои даваат шанса на младите да почнат свој бизнис. Сака да влеземе во ЕУ, ама само ако има корист. Ако му се укаже прилика и самиот би збришал од РСМ.
Од постарите што ги познава, комуницира само со комшијата Стрезо, само затоа што Стрезо ги слуша сите негови идеи, обично, нереални!
Негова постојана узречица по која е препознатлив е – ДА, ДА, ДА ?