Моторот изгаснат, но камерите вклучени – се приклучуваме во одбележување на Денот без автомобили.
Ве носиме на спектакуларното Вело Родео и зборуваме за велосипедската едукација и култура со Никола Нешковски од Еко Логик. Пешачиме, возиме тротинет, точак и скирол низ скопските улици. А, за тоа колку градовите со својата инфрастриктура и сообраќајна култура ни се безбедни за вакво движење говориме со архитектот Дивна Пенчиќ. Во нашето мобилно студио, пред Македонска Филхармонија разговараме со Дуња Иванова, но не за нејзината инзонредна кариера како пијанистка, туку како наша државна репрезентативка во велосипедизам… Дуња навистина е светско, а наше…
Во адреналинскиот парк тренираме за искачување на врвот Вршник во Велес. Таму, го освојуваме врвот заедно со евроамбасадорот Дејвид Гир и со сите други амбасадори во земјава.