Дезинформациите се лажни информации што се споделуваат со намера да ги доведат луѓето во заблуда. Дезинформацијата не е погрешна информација. Погрешните информации едноставно се погрешни, неточни или целосно лажни информации што се соопштуваат без експлицитна намера да измамат.
Како да се заштитиме од дезинформациите? Како да препознаеме лажни информации? Колку е важно да сме медиумски писмени? Како да дојдеме со вистинската информација? Што е одговорно новинарство?
Дискутираме на овие прашања заедно со нашата позната водителка Лила Филиповска, експертот за комуникации и медиуми Михајло Лахтов, уредникот во Дојче Веле Борис Георгиевски и Тоше Огњанов, мастер за медиумска писменост кој зборуваше за визуелните дезинформации.