Културата, уметноста, туризмот, спортот се алките кои ги обединуваат народите. Нашата взаемна добрососедсска соработка Македонија–Бугарија е на највисоко ниво на сите овие полиња. Се сакаме, се почитуваме и заедно создаваме врвни уметнички дела и постигнуваме врвни резултати во спортот. Заедно сме посилни и тоа го покажуваме преку успешните приказни и соработки на актерот Игор Ангелов, кондициониот тренер Михајло Шејкероски – Шани и бугарскиот диригент Најден Тодоров.